Македонија Топ вести

Побарал пари на сопругата, но откако му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици- обвинение за семејно насилство

Поднесено обвинение за гостиварец кој вршел семејно насилство врз сопругата и ќерката. Обвинителството побарало продолжување на неговиот притвор. Правните лица кои се занимаваат со оваа проблематика велат дека во последните години насилството во домот се почесто се пријавува, иако дел од нив не бараат кривичен прогон сепак, расте свеста дека се работи за општествено зло кое претставува кривично дело.

Побарал пари на сопругата, но откако му кажала дека нема, започнал да ја удира со шлаканици. Откако не добил пари и од ќерката, продолжил со физички напади. Против гостиварец, кој се сомничи дека на 15 октомври извршил семејно насилство Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог за кривичните дела Телесна повреда и Загрозување на сигурноста.

  • Кога ќерката се обидела да повика полиција, осомничениот зел нож од кујната и замавнал кон неа, во што бил спречен од сопругата. Тој продолжил со намерата, удирајќи ја сопругата со каиш во пределот на грбот и левата натколеница нанесувајќи и телесни повреди. Тој неколкупати на неговата ќерка и праќал пораки на телефон со закани кон неа и нејзината мајка- ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО НА РСМ.

 Обвинителството поднело и предлог за продолжување на притворот на обвинетиот. Во СВР Тетово ова било прва пријава, додека во гостиварскиот Центар за социјални работи нема податоци за ова семејство.

Правниот советник Верица Тимосиеска од Здружението Женски форум вели дека жртвите на семејно насилство се повеќе се охрабруваат да го пријават, но се уште постојат предрасуди.

Тимоскиеска вели дека за да охрабарат жените да пријават, но и да побараат кривичен прогон, треба финансиски да бидат постабилни.

45 жени побарале бесплатна правна помош или совет во Здружението Женски форум за период од 10 месеци.

Данијела Билбилоска 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе