Фирми од Косово, Албанија, Русија и Турција доставиле понуди на тендерот на ЕСМ за набавка на јаглен. Денеска Компанијата ќе ги отвара понудите по што деновиве ќе донесе одлука од каде ќе се купи. Сепак проблем е тоа што компаниите кои ги исполнуваат техничките карактеристики, а тоа биле компанијата од Косово и Албанија не понудиле доволна количина на јаглен која се бараше на тендерот.
„Две компании таа од Косово и Албанија ги испполнуваат техничките услови. Но нудат 300 илјади тони за ТЕЦ СЛОмеј, колку што се бараше, но многу помалку од 900.000 тони јаглен колку што сакавме да набавиме за активирање на третиот блок на РЕК Битола. Понудите за РЕК се околу 300.000 тони што не е доволно. Компаниите кои нудат руски и турски јаглен дополнително ќе треба да ги провериме. Одлуката ќе се донесе деновиве – изјави за „Телма“ директорот на ЕСМ Васко Ковачевск.
Експертите препорачаа дека е најдобро јаглен да се увезе од Грција поради сличната калориска вредност со тој од РЕК, но на тендерот нема понуди од таму. Јагленот е потребен за активирање на третиот блок во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј. Земјава бара итно да купи вкупно 1,2 милиони тони јаглен.