Македонија Топ вести

Доцни доставувањето на финансиските извештаи за изборната кампања, ДЗР најавува казни и стопирање на државниот надомест

Партиите ги запазиле процедурите, но тоа не може да се каже и за незвисните кандидати и советнички листи кога станува збор за транспарентноста во финансискиот дел од кампањата – донациите на трансакциските сметки. Во Државната изборна комисија заклучно со денеска, 59 учесници во локалните избори ги доставиле финансиските извештаи за вториот дел од изборната кампања на  локалните избори кои според закнот мораше да бидат доставени ден по првиот круг односно до понеделникна полноќ.

Според официјалните информации од ДИК финансики извештаи поднеле 14 партии и 45 групи избирачи. Од поголемите политички партии недостатуваат извештаите на БЕСА и на Алијанса и Алтернатива. Коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Левица, ГРОМ, ДПА, Интегра и Коалицијата ЛДП и ДОМ ги испочитувале роковите.
Извештаите дополнително ќе бидат поставени на веб страната на Државната изборна комисија.

Државниот завод за ревизија (ДЗР) е уште државана институција каде политичките партии и независните кандидати се должни да ги достават финансиските извешатаи односно приливите од донации на трансакциските сметки со кои потоа ја финансирале кампањата во перидозборието. Во спротивно се соочуваат со казни и стопирање на надоместоците од Буџетот.

Од ДЗР инофрмираат дека од 145 регистрирани учесници во изборната кампања, партии, коалиции и независни листи и кандидати кај 84 има неправиланости. 64 учесници воопшто не доставиле никаков извештај за финансиите. Меѓу нив се партиите МААК, Твоја партија, Комунистичката парија и колаицијата на ДУИ и Алијанса за Општината Чашка а останите се независни кандидати односно група избрачи. Кај дваесетте учесници кои не доставиле целосен извештај има три партии, сојузот на Ромите, ПОДРМ и Демократски сили на ромите а останатите се повторно независни кандиадти однјонсо група избирачи.

Според информациите на Телма  ДЗР од ДИК ќе побара да донесе одлука за забрана оидносно суспензија на исплатата на буџетски пари како надоместок на трошоците за финансирање на изборната кампања  а покрај тоа тука е и казната во висина од 9 илјади евра која е предвидена со закон.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе