Вести Економија

Во Еврозоната највисока инфлација во изминатите 13 години

Инфлацијата во еврозоната е во постојан раст. Цените во септември годинава биле за 3,4% повисоки во споредба со истиот месец лани, соопшти Евростат. Тоа значи највисока инфлација во последните 13 години.

Особено зголемување на цените во септември има кај енергијата, која е за цели 17,6% поскапа отколку во септември 2020 година. Цените на индустриските добра пораснале за 2,1%, а животните намирници чинеле 2% повеќе отколку пред една година. Услугите, пак, бележат зголемување од 1,7%.

Европската централна банка прави напори инфлацијата среднорочно да изнесува околу 2%. Според Европската Банка, сегашниот раст на инфлацијата е само привремен и се должи на многу посебни услови, од кои најголем дел се поврзани со пандемијата. Стравот на фирмите и потрошувачите од висока инфлација би можел и натаму да влијае врз зголемување на инфлацијата, се оценува во нова студија на Германскиот институт за економски истражувања Такво зголемување последен пат е забележано во времето на првата нафтена криза во октомври 1974 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе