Вести Македонија Топ вести

Запленети 50 килограми марихуана

50 килограми марихуана запленета на патот Прилеп-Битола. Пресечен е меѓународен канал за транспорт на наркотична дрога, чија крајна дестинација била Грција.

Според МВР, дрогата била пронајдена во патничко возило „пежо карван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот М.Ј. од Скопје и при извршена контрола било констатирано дека лицето не поседува возачка дозвола и возилото не било технички испрвно, а по извршениот преглед биле пронајдени две патни торби во кои имало 9 големи пакувања марихуана, во вкупна количина од 50 килограми и вредност од околу 200.000 евра.

Возачот е лишен од слобода и се преземаат мерки за утврдување на евентуална инволвираност и на други лица при транспортот на дрогата.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Жерновски го повика Костадинов да се повлече од делување надвор од партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе