Македонија Најважни

Максим: Оливер на квадрат ми вршат притисоци

Со вклучување во живо на соптвениот фејсбук профил, актуелниот градоначалник и кандидат за Куманово Максим Димитриевски, околу пладне се пожали дека полицијата предводена од министерот Оливер Спасовски му врши притисок. Го следело полициско возило, па полицајци го сопреле автомобилот во кој бил, го држеле час и половина и без да му кажат зошто го натерале да вози во нивна придружба.

Подоцна откри дека проблем биле затемнетите стакла на возилото во кое се превезувал бидејки тоа е дозволено само за службени возила. Вели дека ова е приватно, но земено на лизинг и во сообракајната имало а тест за фолијата на стаклата. сепак е однесено на вештачење. во позадина препозна притисок кој му го врши актуелниот министер за внатрешни Оливер Спасовски, поради тоа што се кандидираше како независен, а спроти себе го има предлогот на СДСМ Оливер Илиевски.

Министерот Оливер Спасовски не ги коментира обвинувањата. Само преку соопштение од министерството велат дека случајот ќе го истражува внатрешната контрола. Противкандидатот Оливер Илиевски не е вклучен во инцидентот.

После првиот круг на локалните избори разликата е само 22 гласа во корист на димитриевски наспроти илиевски. Тие се доскорешни сопартијци, но Димитриевски беше исфрлен од СДСМ откако во очи на изборите одлучи сам да се кандидира како независен. Неизвесно е дали ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ и гласовите на нивниот кандидат Тони Михајловски. Од друга страна Илиевски се надева на гласовите на колиционите партнери на централно ниво на ЛДП и ДОМ.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНР му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Мицкоски: Европската комисија нека избере Судски совет и обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе