Битола ќе биде една од општините каде градоначалник ќе се избира во втор круг.
Во првиот водство од 1641 глас повеќе освои кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Тони Коњановски пред Христо Кондовски од СДСМ.
Според податоците на ДИК од 170 обработени гласачки места за Коњановски гласале 19 532 битолчани, за Христо Конодвски 17 891, за Горан Милевски од ЛДП и ДОМ 3 336, Горан Тасковски 416, Јорго Огненовски 692 и Зоран Лазаровски Паљо 1081 глас
Од листите за членови на Совет, најмногу гласа освои исто така ВМРО-ДПМНЕ 16.230, СДСМ 14.270, ЛДП/ДОМ 2425, Левица 2962, Поинаку 4329,ДУИ 1495, Алијанса на Албанците 390.
Емилија Мисирлиевски