Економија

Кинеската економија со најбавен раст во последната година од 4,9 проценти

Во третиот квартал од 2021 година, кинеската економија забележа најбавен раст во последната година од 4,9 проценти, поради проблеми со дефицитот на електрична енергија, проблеми во синџирот на снабдување и големиот потрес на домашниот пазар на недвижности, соопшти Националната завод за статистика (NBS).

– Заздравувањето на домашната економија сè уште е нестабилно и нерамномерно, рече портпаролот на НБС, Фу Лингви, на брифинг со новинарите во Пекинг.

Аналитичарите прогнозираа раст на бруто домашниот производ на Кина од 5,2 проценти во третиот квартал.

Слабите податоци за кинескиот раст влијаеа врз денешниот пад на повеќето азиски берзи поради општата загриженост на инвеститорите за глобалното економско закрепнување и стравувањата од можно прелевање на кредитниот ризик од кинескиот сектор за недвижности кон пошироката економија.

Кризата во секторот за недвижности ја предизвика градежната група „Евергранде“, која се бори со огромен долг од 300 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе