Отворени се сите избирачки места на кои граѓаните гласаат и избираат локална власт. На почетокот од гласањето во одделни избирачки места се појавија мали проблеми со апаратите за биометриска идентификација или популарно наречени „фингерпринт“. Според, членовите на избирачките одбори на гласачките места проблемите се јавиле затоа што имале кратка обука пред две недели. Сепак, велат дека ги решаваат брзо, и очекуваат во текот на денот гласањето да се одвива нормално и без застој.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.