Економија

Тетовскиот грав се помалку го има

Производот кој се смета за бренд за тетовскиот крај, гравот, годинава со слаби приноси. Живко Иљоски од тетовско Жилче, долгогодишен земјоделец, вели дека има и финансиски загуби поради сушниот период затоа што нема род ниту за продажба, ниту за сопствена употреба. Тој ја оценува оваа година како најлоша до сега.

На Зеленот пазар оваа година мала е понудата на тетовски грав, а цената достигнува и до 300 денари за килограм. Се продава и од увозниот по пониска цена.

И покрај високата цена има побарувачка за тетовскиот грав, а за поголем дел од граѓаните е скап, поради што купуваат во маркетите од увозниот.

Тетовскиот грав е познат по добриот вкус и крупното зрно. Често овој бренд се злоупотребува, бидејќи во последните години се помалку го има, па така како тетовски грав се нуди и увозниот, најчесто од Киргистан .

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе