Македонија Топ вести

Без проблеми помина гласањето на болните, немоќните, лицата со Ковид-19 и затворениците, гласале 10.653 лица

Без проблем помина гласањето на Локалните избори 2021 за болните, немоќните и лицата со Ковид-19 и во самоизолација, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии, затворениците, лицата во притвор. Денеска вкупно гласале 10.653 гласачи, информираше вечерва на прес-конференција портпаролката на Државната изборна комисија (ДИК) Љупка Гугуческа.

На гласачките места во КПУ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 1 899 гласачи. Од податоците кои што ги добивме од Општинските изборни комисии гласаа 1 229. Во однос на гласачкото право на лицата пријавени како болни или немоќни од пријавените 7 907, до овој момент според ОИК-ии гласаа  5 477. Во однос на лицата кои беа пријавени за гласање поради решенија за самоизолација или се наоѓаа во домашен карантин поради Ковид -19, од пријавените досега гласале 304 лица. Гласањето за овие категории на гласачи се уште трае и избирачките одбори ќе работат се додека сите кои се пријавени и се на списоците на ОИК не добијат можност да гласаат, рече Гугуческа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе