Вести Економија

Доцнењето на септемвриската плата испровоцираа предупредувачки протест на вработени во Македонски Пошти

Стотици вработени во Пошти денеска ги окупираа подружниците во Скопје и низ земјава- одржаа краток предупредувачки протест за време на паузата од работа. Револтирани се поради доцнењето на септемвриската плата, лошите услови за работа и од неизвесноста што ќе се случува со нив во услови кога компанијата е во финансиска криза.

Протестот организиран од двата синдикати наиде на поддршка од вработените и од другите градови. Вработените од штип велат дека поради финансиската криза на компнаијата немаат ослновни услови за работа.

Синдикатите бараа и добија средба со менаџментот. Но детали што договориле, не открија. Првиот човек на Пошти, Јани Макрадули за Телма одговори дека платата на вработените е исплатена рано утринава. Околу плановите кои уште лани ги најави владата за овој загубар,  односно приватизација или јавно приватно партнерство, Макрадули рече дека  приватизацијата не било тема на разговор. А попладнево на прес конференција посочи дека се зголемени приходите на компанијата, а целта им била и да ја исчистат од долговите.

Пропаѓањето на Еуростандард банка, која Пошти ја користеше за платен промет, но и ковид кризата предизвикаа огромен пад на приходите. На крајот на минатата година беше склучен договор со Халк Банк таа да го врши платниот промет на Пошти во наредните 35 години. Пошти со години се на листата на топ 10 државни загубари. Лани прокнижиле загуба од  1,6 милиони евра.

Александра Филиповска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе