Економија

Биткоинот со рекордна вредност во последните шест месеци

Биткоинот денеска достигна рекордна вредност во последните шест месеци и се приближи до највисоката вредност во историјата, што ја достигна во април.

Најголемата криптовалута во светот се зголеми за речиси четири проценти до 59,465 американски долари.

Тоа е највисоката вредност на биткоинот од средината на април, кога беше на рекордни 64.895 долари.

Американската комисија за хартии од вредност е подготвена да дозволи првиот американски биткоин ЕТФ (Пасивен трговски фонд) да започне со тргување следната недела, објави Блумберг.

Бен Каселин, раководител за истражување и стратегија на азиската берза за криптовалути, рече дека скокот на биткоинот над 59.000 долари не е произволен и дека долгорочните инвеститори го акумулираат веќе некое време.

Се очекува да се постигне значителен напредок околу американскиот Биткоин ЕТФ во четвртиот квартал, рече Каселин.

Тој додаде дека денешните настани се поттикнати и од твитот од Канцеларијата за едукација на инвеститори СЕЦ.

Пред да инвестирате во фонд кој има термински договори за биткоин, внимателно проучете ги потенцијалните ризици и придобивки, се вели во соопштението на СЕЦ.

Претседателот на СЕЦ, Гери Генслер претходно изјави дека пазарот на крипто валути вклучува многу учесници кои можат да бидат нерегистрирани хартии од вредност и ги остава цените отворени за манипулација, а милиони инвеститори осетливи на ризик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај

Дејан Дејан

Фајнанс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе