Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска се сретна со членови на Здружението на пензионерите од Кочани, во кое членуваат и пензионерите од Чешиново-Облешево и Зрновци, и истото важи за едно од поголемите здруженија бидејќи брои околу 8.000 пензионери.
Шахпаска ги информираше пензионерите за прашања за кои тие најмногу се интересираат, околу пензионерскиот стандард и за зголемувањето на пензиите.
Разговаравме и за промена на методологијата за усогласување на пензиите кон која Министерството за труд и социјална политика веќе пристапува и веруваме дека до крајот на годината, ќе биде испорачана нова методологија, со која што пензиите ќе се усогласуваат и со растот на просечната плата, рече миинистерката Шахпаска.
На средбата со министерката Шахпаска, членовите на Здружението на пензионери од Кочани се интересираа и за изградбата на регионален Дом за стари лица. Министерката посочи дека во програмата на Министерството за труд и социјална политика е вклучена изградба на Дом за стари лица со капацитет од 156 лица, изграден согласно најсовремените решенија и стандарди за сместување на стари лица.