Граѓаните ќе бидат исклучени од ценовниот шок на струјата кој во моментов ја тресе индустријата и приватниот сектор. Надлежните уверуваат дека цената за домаќинствата ќе остане иста до крајот на годината. Но колку ќе се плаќа веќе од јануари никој не може да предвиди и затоа допрва се прават анализи. Министерот за економија Крешник Бектешки најави дека се прават сите напори ЕСМ да го извади максимумот од капацитетите за производство на електрична енергија.
Иако набавката на јаглен, со кој ќе се отвори уште едн блок во РЕК Битола како и РЕК Осломеј, се пролонгираше тој е уверен дека тендерот ќе биде успешен.
На иста линија е и претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, кој прогнозите на дел од експертската јавност дека струјата може да поскапи и до 50 отсто ги оцени како шпекулација.
Една од можните мерки за да се ублажи и стабилзира состојбата во енергетскиот сектор е и активирање на ТЕЦ Неготино, кој произведува струја на мазут. Дали ќе биде рестартирана зависи од цената на нафтата на светските пазари, која во моментов е во пораст.
Околку реакциите на граѓаните за висината на августвокски сметки за струја, Бисломовски препорача самите да ја искористат можноста да ги прочитаат броилата за да избегнат плаќање на евентуални паушали.
Огнен Чанчаревиќ