Фудбалскиот клуб Барселона денеска објави дека младиот фудбалер Педри потпишал нов договор, кој истекува во јуни 2026 година.
Шпанскиот репрезентативец иако има само 18 години веќе е стандарден првотимец на Каталонците, а изминатото лето за својата земја играше и на Европското првенство и на Олимписките игри.
Барселона во неговиот нов договор вметна откупна клаузула од неверојатни 1 милијарда евра. Тој дојде од таборот на Лас Палмас во летото 2020 година и веднаш ги импресионираше сите во клубот со својот талент.