Економија Свет

Путин: Русија е подготвена да ја зголеми испораката на гас за Европа

Русија е подготвена да ја зголеми испораката на гас за Европа до количината која што ќе им биде потребна, но мораме да добиеме такво барање, порача рускиот претседател Владимир Путин. Зголемувањето на цените на енергенсите предизвика некои од експертите да ја обвинат Русија за подгревање на енергетската криза во Европа, но Путин ги отфрла како бесмислици. Рече дека дури и во екот на Студената војна, Москва доставуваше гас до Европа во согласност со договорените обврски.

Зголемувањето на цената на гасот во Европа е резултат од недостаток на електрична енергија, а не обратно. Нема потреба вината да се бара кај некој друг, како што прават некои од нашите партнери. Понекогаш кога слушам што зборуваат, изненаден сум едноставно. Чудно е! Како да не ја гледаат реалноста, само ги покриваат сопствените грешки. Изминатава деценија, чекор по чекор, систематски проблеми беа вметнати во европскиот енергетски сектор. Токму тие доведоа до оваа голема криза во Европа, изјави Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе