Вести Економија

До крајот на годинава нема да се менува цената на струјата-уверуваат Заев и Бислимовски

Цената на електричната енергија нема да се менува до крајот на годинава, а сега е многу рано да предвидиме што ќе се случува после тоа, порачаа премиерот Зоран Заев и претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ),  Марко Бислимоски.

– Едно е сигурно дека нема да има никакви промени на цената на електричната енергија до крајот на годинава. Во овој момент ЕСМ во соработка со Владата преземе активности да се набави јаглен со цел да се стабилизира цената на електричната енергија во државата пред се за стопанството. Премногу е рано сега да зборуваме што ќе биде од 1 јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента. Поконкретни информации ќе имаме во текот на декември кога МЕПСО и ЕСМ ќе ги распишат своите тендери за набавка на загуби на електрична енергија, рече Бислимоски.

Премиерот Заев нагласи дека на тој начин државата постапува исто како државите во регионот и пошироко и додаде дека сме подготвени правовремено да реагираме тогаш кога ќе треба и таму каде што ќе треба. Не е време за стравувања, а државата има подготвено мерки за справување со состојбата и со енергијата и со можната инфлација.

– Инфлацијата сега е некаде од 2,7 до 2,8 отсто, а цената на струјата има удел од 5,6 отсто во производната цена на производите. Некогаш знаеме да го наметнеме силно психолошкиот момент кој сам по себе може да предизвика спирала на покачување на цените. Тоа не ни е потребно. Стабилноста и подготвеноста правовремено да реагираме е многу важна за да не предизвикаме дополнително психолошки ефекти врз цените. Има комплетна стабилност на денарот, фискалните политики се комплетно подготвени, досега е реализиран 65 проценти од дефицитот, а 35-те проценти што остануваат и непродуктивните трошења се сериозен капацитет од 50 до 150 милиони евра за субвенционирање на граѓаните и фирмите доколку е потребно. Не верувам дека ќе треба ни десет отсто од тие пари, но времето ќе покаже, потенцира Заев.

Во регионот пак, албанскиот премиер Еди Рама прогласи вонредна состојба заради снабдувањето со електрична енергија. Тој на граѓаните им објасни дека ситуацијата е диктирана од растот на цената на електричната енергија на меѓународните пазари.

Цената на струјата на берза во моментов е зголемена за 4 до 5 пати повеќе во споредба со лани истиот период. 1MWh се продава за повеќе од 180 евра за разлика од лани кога се продавало за 50 евра. Но, и ова се должи на воведувањето на ЦО2 такса на компаниите кои произведуваат струја на јаглен. Целата оваа приказна најмногу ги погаѓа граѓаните. Сметките кои ќе дојдат до домаќинствата во ЕУ се очекува да бидат повисоки за 50% и повеќе.

– Во сите земји во Европа постои проблем со цената на електричната енергија и на природниот гас, но не и со испорака на струја. Електрична енергија има, но по многу повисоки цени. Во наредниот период може да се очекува дека одредени земји пред се своето производство ќе го користат за домашни цели, но повторно ќе има и трансакции на пазарот на електрична енергија, потенцира Бислимоски, претседателот на регулаторната комисија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе