Економија Најважни

Битка за цена на струјата, нема да расте, ама држaвата засега нема план и мерки како да ги „смрзне“ сметките

Земјите од регионот веќе подготвија пакет мерки вредни десетици милиони евра за ублажување на последиците од енергетската криза, а Владата дополнително ќе одлучува кои и какви мерки ќе донесе. Премиерот Заев, по колегите од регионот, сега  за прв пат алармираше дека ќе биде криза и дека цените се високи. Не може да знае дали цената на струјата за домаќинствата догодина ќе поскапи – рече тоа неможе да ви го кажат ниту Макрон ниту Меркел. За Првиот човек на Регулаторна Бислимоски дали граѓаните догодина ќе плаќаат поскапа струја појасно ќе биде во декември. Вели работите се менуваат како на филмска лента.

Ќе биде криза, цените се високи, но државата е тука да помогне. По европските лидери и колегите од регионот, и премиерот Заев го вклучи црвениот аларм – земјава ќе се соочи со енергетска криза. Што ќе се случува со цената на струјата, па и на таа за домаќинствата, вели никој не знае. Тоа не може да ви кажат ниту Меркел ниту Макрон – рече Заев. Повика да не се дига паника бидејќи тоа дополнително може да влијае на инфлацијата. Кажа дека ќе има мерки за заштита на компаниите, но и на ранливите категории граѓани, но не откри кога и какви. Уверува дека пари има, а ако е потребно ќе се направи и ребаланс.

Што ќе се случува до Нова година верувајте ниту канцеларката Меркел, ниту претседателот Макрон, ниту не знам претседателот Бајден, ниту претседателот Путин можат да ви кажат. Да ќе биде криза. Го гледам мојот пријател и колега од Албанија Еди Рама алармираше, алармирам нормално и јас. Енергетската криза ќе биде видлива, цените се високи, но да ги почекаме следните недели и месеци, да видиме како ќе се одвиваат состојбите. А државата е тука да помогне, вели премиерот Заев.

За првиот човек на Регулаторна Бислимоски, во декември ќе биде појасна сликата, по која цена догодина граѓаните ќе ја плаќаат струјата.

Премногу е рано сега да зборуваме што ќе биде од 1 јануари затоа што работите се менуваат како на филмска лента. Во текот на декември ќе имаме поконкретни информации кога МЕПСО и Електродистрибуција ќе ги распишат и своите тендери за набавка на загуби на електрична енергија, рече Бислимоски.

Земјите од соседството веќе излегоа со пакет мерки вредни десетици милиони евра за да ги ублажат последиците од енергетската криза врз компаниите и граѓаните. Земјава пак се одлучи за интервентен увоз на јаглен за да ги активира третиот блок на Рек Битола и ТЕЦ Осломеј и да го зголеми домашното производство на струја. Цената на струјата на светските берзи руши рекорди, и во моментов е околу 180 евра за мегават час. Но за експертите е сигурно, дека стабилизација на цените нема да има најмалку до средината на идната година.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

Васил Јованов призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна од 20 години – пресудата на 13 мај

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе