Економија

Бензините поскапи за 2, дизелот за 2,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,41 %, односно од 2 до 2,5 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,00 ден/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  се зголемуваат за 2,50 ден/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,630 денар/килограм и со тоа малопродажната цена  на Мазутот М-1 НС изнесува 42,761 ден/кг.

Од вечер на полноќ бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 75,50 денари/литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава по 77,50 денари/литар, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 67,50 денари/литар, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 67,00 денари/литар, а Мазут М-1 НС ќе чини 42,761 денари/килограм.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Индустриското производство со раст од 9,4% во мај

Дејан Дејан

Фајнанс тинк: Амбициозен е проектираниот раст на даночните приходи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе