Најважни Спорт Фудбал

Германија ни наплати со камата за поразот во Дуизбург (ВИДЕО)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва доживеа убедлив пораз од 4-0 од Германија на арената „Тодор Проески“ во рамки на квалификациите за Светското првенство во Катар 2022 година.

Не ја повторивме сензацијата од Дуизбург од март годинава, кога славевме со 2-1, а вечерва имавме сили да парираме само едно полувреме. Фаворитот ја најави победата во 50.минута, кога Томас Милер му сервираше чист гол на Каи Хаверц, кој пак само рутински го совлада Столе Димитриевски.

Потоа во 70.минута, Милер повторно имаше фантастична асистенција, а овој пат Тимо Вернер со силен удар ја затресе мрежата за 0-2. Ѕвездата на Челси потоа зголеми на 0-3 со уште еден прекрасен гол само три минути подоцна.

Точка на победата на Германија стави младиот Џамал Мусиала во 83.минута.


На останатите натпревари во нашата група Ј, Романија со минимални 1-0 ја совлада Ерменија, додека Исланд со 4-0 славеше над Лихтенштајн.

Германија со вечерашната победа на табелата има 21 со што веќе го обезбеди првото место и пласманот на Светското првенство. Романија сега се проби на второто место со 13 бодови, а потоа следуваат Македонија и Ерменија со 12 бодови. Исланд има осум бодови, Лихтенштајн е последен со само 1 бод.

Во последните две кола во квалификациите во ноември, Македонија гостува кај Ерменија, а потоа играме на домашен терен со Исланд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе