Економија Најважни

Собранието на доверители на Топлификација ја прифати понудата на Чифлиганец од 9,3 милиони евра со ДДВ

Собранието на доверители на Топлификација одлучи да ја прифати понудата на Адора инженеринг која на лицитација успеа да понуди највисока цена, од 9,3 милиони евра со ДДВ за топланите Исток и Запад кои се дел од стечајната маса на Топлификација.

Ванчо Чифлиганец генерален директор на компанијата претходно изјави дека доколку Собранието на доверители одлучи дека не е задоволно со понудата, Адора инженеринг ќе ја прифати без оглед, односно без разлика дали е позитивна или е негативна за нив како најповолен понудувач.

Чифлиганец вели дека во јавноста имало доста коментари во однос на понудата, но дека нивната идеја била мотивирана од желбата овој бизнис да биде во домашни раце и дека така Адора инженеринг ќе биде прв правен субјект досега што реално платил за овој бизнис. Објаснува дека топланите во градот Скопје се изградени во 60-тите години со тогашни државни пари, а околу 2000-та година, Топлификација АД се приватизира од страна на вработените.

Во прозивките на акционерите на Топлификација дека компанијата вреди многу повеќе Чифлиганец, вели не сака да навлегува, но вели дека е познато оти за Топлификација АД беше отпочната стечајна постапка и имотот кој што веќе години наназад е стопанисуван од БЕГ без да има сопственост за истиот, односно го користи под наем, беше предмет на продажба од страна на стечајната постапка. Идејата, како што вели била добронамерна и позитивно стратешка за градот Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма со детали за убиството во Штип кое личи на сцена од гангстерскиот филм „Кум“- пресметка на двајца турски државјани во кафуле, полициска потера и организирано бегство со две коли

Дејан Дејан

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе