Кочанските оризопроизводители од вторник со своите трактори повторно излегуваат на протести. Иако од Владата добиле ветување дека откупната цена на оризовата арпа нема да оди под 25 денари, во моментов немаат ниту откуп, а цената е многу пониска.
Во битката на оризопроизводителите се вклучи и синдикатот на земјоделците. Сметаат дека потребно е системско решение. И тие се на ставот дека треба да има производна цена на арпата, под која не смее да се оди, а во моментов потребни се интерветни мерки.
40 отсто од ланската реколта стои во амабарите, а жетвата на новата е во тек, оризопроизводителите велат дека дождот им прави проблеми, но и ќе влијае на квалитетот.
Во кочанско под ориз има околу 4.000 хектари, но поради лошата цена со години нивите се напуштаат, а младите се иселуваат.
Викторија Димитрова Јованова