Спорт Фудбал

Милевски: Важни ми беа трите бода и пристапот на фудбалерите

По трите нерешени резултати во низа, Македонија успеа да забележи победа над Лихтенштајн, а селекторот Благоја Милевски го бележи првиот триумф откако дојде на чело на националниот тим.

Доминацијата на теренот во Вадуз беше крунисана со четири погодоци, а предводникот на националниот тим не само што е задоволен од резултатот туку и од пристапот на неговите избраници.

“Уште пред мечот кажав дека максимално пристапуваме на натпреварот, не помислував на било кој резултат, важни ми беа трите бода, важно ми беше како ќе се однесуваат играчите, а тоа го направија вечерва на најдобар можен начин. Пред да почнам со овој тим, напоменав дека сме во фаза на формирање на тим кој ќе биде конкурентен за квалификациите за ЕВРО 2024. Ние сме во фаза на менување на ликот на тимот, и овие квалификации ни служат за подобро воигрување и за што подобра селекција. Дали на крај ќе бидеме втори или не, ќе видиме како ќе завршат овие квалификации, но со сигурност тврдам дека ќе направиме се и дека најмалата шанса ако ја има да ја искористиме”, истакна Милевски.

Триумфот над Лихтенштајн е одличен вовед во новиот предизвик на македонската репрезентација која в понеделник во Скопје ја пречекува селекцијата на Германија.

“Не се навраќам на тоа што било претходно, само тоа што ни следи. Тоа е натпревар против Германија, кој ќе биде сосема поразличен од тој во Дуизбург, но затоа што имаат нов селектор, нова филозофија, нов лик, и играат сосема различен фудбал. На почеток сме на градење на еден стил на игра, со нова филозофија, со нови барања од играчите, и тие го прифаќаат тоа на најдобар можен начин и нема потреба да менуваме нешто драстично без разлика дали играме со Германија. Да, Германија е супер квалитетна репрезентација, но ние на последните мечеви покажуваме одличен квалитет”, заврши селекторот на репрезентацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе