Економија

Продoлжуваат отпуштањата во текстилната индустрија

Лани поради пандемијата без работа останаа речиси 7.000 текстилни работници, но продолжува трендот на отпуштање на текстилни работници покажуваат најновите анализи на Невладината ЗМАИ, најмногу на удар се работниците со договори на определено работно време. Зголемениот број на отпуштени работници во текстилната индустрија, говори дека во овој сектор мора да има трансформирање.

Митевски забележа дека македонската текстилна индустрија, која работи лон производство е зависна од странските партнери и од она што се случува на пазарите. Компаниите да не се зависни од тековите и состојбите на европско ниво треба да инвестираат во модернизација на својата технологија. Еден од начините за реформи во овој сектор е и формирање на текстилна задруга. Соња Стојадиновиќ направи анализа на таа тема, а заклучокот дека е потребна промена на македонската регулатива, бидејќи е премногу општа, во споредба со хрватската и европската.

Нашето законодавство засега го кочи рециклирањето на текстилниот отпад, кој завршува на депониите, наместо од овој материјал да се прават креации и да се понудат на пазарот. Ова беше денешната  тема на петата Текстилијада, а утре ќе дебатираат новинарите и претставници на брендовите за известувањето и улогата за подобрување на работничките права.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

(живо)Дурмиши: Пазарниот инспекторат е на терен очекуваме извештај

Дејан Дејан

Ангеловска-Бежоска: Економијата постепено закрепнува од шоковите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе