Хавиер Переира е новиот тренер на Леванте за кој настапува нашиот репрезентативец, Енис Барди. Педесет и пет годишниот Периера на чело на екипата доаѓа како наследник на Пако Лопез, кој по поразот до Мајорка мораше да се повлече од функцијата.
Новиот тренер со екипата од Валенсија потпиша договор до крајот на сезоната и има за цел да ги подобри очајните резултати од почетокот на сезоната и тимот да се извлече од опасната зона. Леванте во досегашниот тек од шампионатот на Шпанија има освоено само осум бода.
Хавиер Периера како фудбалер нема некоја импресивна кариера, а како тренер работел во Алавес и имал ангажмани како помошен тренер во Леванте, Ваљадолид, Вотфорд, Макаби Тел Авив и Фулам.
До преземањето на тренерската функција во Леванте работел како шеф на струката во кинескиот прволигаш Хенан.