Енормното зголемување на цените на основните прехрамбени продукти силно ќе удри врз стандардот на работниците, коишто во време на пандемија дополнително стравуваат и дали ќе останат без работа, оцени за Телма Кристина Ампева од невладината Гласен Текстилец.
Таа забележува дека поскапување на основните намирници има и во изминатите месеци, а и факт е дека граѓаните на касите во маркетите оставаат повеќе пари, отколку претходно
Се надева дека нема да се случи драстично поскапување на, како што лани се случи кога цената на лимонот но и на заштитните маски, како и на други продукти скокнаа и за 200 насто. Смета дека на потег се владините институции, а според податоците на Гласен Текстилец во време на пандемија, односно за година и пол од нив помош побарале над 12.000 работници. Корона кризата без работа остави 7.000 работници.
Во наредните три дена на петата Текстилијада во Штип на маса ќе бидат ставени темите за работничките права на работниците, но и на уметниците, како новинарите информираат на оваа тема, но и улогата на институциите.
Решенија ќе се бараат, со цел работниците да имаат поголема заштита, а не како што вели Ампева каков што беше примерот со штипската конфекција Алкон Текс, со отварање и затварање на стечајна постапка во рок од 20 минути работниците останаа и без плати, отпремнини и неисплатени придонеси.
Викторија Димитрова Јованова