Растот на цената на струјата на светските берзи да не падне на товар на компаниите, бара Стопанската комора на Македонија. Извршниот директор Антони Пешев во Утринската програма на Телма рече дека кризата е многу сериозна и оти очекува сериозен пристап од Владата за да се избегнат посериозни турбуленции врз домашната економија во претстојниот период.
Александар Дединец од МАНУ рече дека цените на енергенсите во блиска инднина ќе останат високи и дека Македонија треба да се фокусира на инвестиции во обновливи извори на енергија.