Лихтенштајн можеби е аутсајдер во нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство во Катар, но сигурно нема да биде лесен залак за Македонија.
Дефанзивецот Висар Муслиу смета дека националниот тим треба да го оправда фаворитскиот статус со добра игра на теренот во Вадуц во петок.
„На хартија ние сме фаворити, но тоа треба да го покажеме и на теренот во Вадуц. Знаеме добро што ни е потребно за освојување на трите бодови, а исто така знаеме колку е важен овој натпревар. Се надевам дека играта и резултатот ќе бидат на наша страна. Треба да бидеме подобри во реализацијата, но и да не примиме гол“.