Економија Најважни

Цените на храната до Нова година ќе се покачат до 50 %, алармира Стопанската комора – за Владата пак тоа се шпекулации

Цените на лебот, башното, маслото, млекото, месото и на сите прехрамбени производи уште ќе одат нагоре. Граѓаните ги очекува ценовен шок до Нова година – алармира прехрамбениот сектор. Предупредуваат дека во наредните месеци цените на основните животни намирници може да пораснат и до 50 проценти, и тоа без тука да е вкалкулирана и повисоката цена на енергенсите. Бараат итна средба со Владата да не се одврти инфлаторната спирала, и за да се ублажи ударот врз граѓаните.

Ако суровините поскапеа до 40 проценти, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40 – 50 проценти, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите. Поради сето ова смета домашната прехрамбена индустрија, крајно време е за една итна средба и тоа со заменик премиерот во владата, задолжен за економски прашања и тоа во проширен состав со цел изнаоѓање решенија за ублажување на последиците од ценовниот шок со суровините во овој сектор, вели Васко Ристовски од СКСМ.

Граѓаните во мометов плаќаат до 10 проценти поскапа храна, а ценовниот шок во наредните месеци може да го ублажи државата со интервенција. Велат така цените не би пораснале повеќе од 15 проценти. Климатските промени, недостигот на работна сила, скапиот транспорт и енергенсите се дел од причините на кои се препишува растот на цените и глобално и кај нас. Бизнисот алармира дека крајно време е да не се игнорираат нивните барања.

Меѓу 5 и 10 проценти. Меѓутоа тој раст не го следи фактичкиот раст на глобалниот светски пазар. Кај нас тоа е задоцнето од најверојатно од големината и јачината на малопродажните ланци. Ние овие случувања ќе мора да ги пренесема на крајните потрошувачи. Мерките се на маса, некои се нови некои се стари, меѓутоа има работи кои директно зависат од државата колкави ќе бидат тие покачувања, вели Гоце Трајчев од Групацијата за месо и месни преработки при СКСМ.

Владата пак без конкретен одговор дали и што ќе преземе. Од кабинетот на Вицепремиерот Битиќи со кој бизнисот бара итна средба, најавите ги сместија во шпекулации.

Шпекулирање со високи поскапувања на цените на прехранбените производи е неодговорно кон граѓаните и нивното чувство на безбедност. Ги уверуваме граѓаните дека државата е и ќе продолжи да биде нивни партнер и дека се грижи за нив и нивната благосостојба, велат од владата.

И додека граѓаните се пред нов шок од бранот на поскапувања, Владата и изминатиот период излегуваше со смирувачки изјави. Дека граѓаните не требало да стравуваат од растот на цените и со тврдења  дека инфлацијата е во рамките на планираното. Вицепремиерот Битиќи кажа и дека сега нема да преземат ништо бидејќи им се врзани рацете поради изборите. Евентуални мерки најави за после избори.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Новиот папа денеска ќе ја одржи својата прва миса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе