Големата енергетска криза и вртоглавиот раст на цената на струјата на берзата, ќе предизвикаат ценовен шок и потреси во економијата, предупредуваат од Стопанската комора. Лиценцираните компании за снабдување со електрична енергија незаконски ги откажуваат договорите со фирмите, поради тоа регулаторна комисја веќе ги одзема лиценците на некои снабдувачи, а останатите компании ги предупреди да ги исполнат обврските кон клиентите, но тие немаат понуда.
Ние сега сме доведени да одиме на најскапата варијанта, а тоа е краен снабдувач. А крајниот снабдувач е берзата плус 50 проценти. Ситуацијата е сериозна, дражавата на некој начин не нѐ заштити издавјќи лиценци на компании кои не би требало да добијат лиценци. Оттука ќе следи тој ценовен шок, односно цената на струјата ќе мора да се пренесе на готовиот производ вели Гоце Трајчевски од Стопанска комора.
На ова укажува и претседателот на Стопанска комора, Бранко Азевски кој вели дека струјата ќе нѐ дрма во наредниот период. Азески укажува дека цената на електричната енергија на берзата за енергија во Будимпешта за последните 12 месеци порасна, од 57 евра за мегават час во јануари до 138 евра за мегават час на крајот од септември годинава.
Според сите релевантни информации со кои располагаме, причина за ова се: зелената агенда во Европа и намалувањето на енергијата произведена од јаглен, релативно ниското производство од ветерните централи во Европа, брзиот пораст на пазарите во изминатиот квартал и енормниот пораст на цената на природниот гас на светските берзи. Бранко Азевски, претседател на Стопанска комора на Македонија. ТЕЛОП
И албанскиот премиер Еди Рама по првпат предупреди дека Албанија ќе се соочи со голема енергетска криза, поради скокот на цените на светскиот пазар.
Ударен бран на друга природна катастрофа, овој пат во комбинација со геополитички фактори и трговски маневри, доаѓа кон Албанија. Оваа нова криза не принудува да се соочиме со ново искушение, силно како земјотресот и пандемијата, во економска и социјална смисла, предупреди Рама.
Македонскиот премиер Зоран Заев вели дека државата ја држи стабилна цената за домаќинствата, а со намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти се амортизираат дел од трошоците кои би биле на товар на граѓаните. Државата има обврска да обезбедува околу 60-70 проценти од струјата, а остантите до 100 проценти ги субвенционира, доаде Заев.
Емилија Мисирлиевска