Вести Ковид19 Македонија Топ вести

Пописот ја искачи Македонија на чекор до врвот за најголема смртност од КОВИД-19, повеќе од 10% граѓани биле заболени

Со првичните пописни резултати, смртноста од Ковид во државата се искачи на 3.659 починати на милион жители, додека по старите податоци веб сајтот worldmeters Македонија имаше 3.218 починати на милион жители.

Со ова „пописно“ зголемување, Македонија која и онака високо котираше на табелата за смртност од Ковид (беше трета во светски рамки и втора во Европа) сега се искачи за уште едно место погоре и е на прво место на стариот континент (ја престигна БиХ која има 3.267 починати на милион жители).

На светско ниво, Перу останува на прво место со 5.946 починати на милион жители, а вкупно досега починале 199.485 Перуанци.

Со вкупно преброени 1.832.696 жители на пописот 2021-ва, државата сега има и поголем процент на заразени наместо досегашните 9,23% од популацијата.  Сегашните 192.478 заболени, според новите податоци од пописот, всушност се 10,5% од популацијата. Така Македонија од досегашното 44-то место во светот според  веб сајтот worldmeters, се пробива на 33-тата позиција по бројот на заболени на милион жители.

Веб сајтот worldmeters, за Македонија ги користеше податоците дека во државата има 2.083.267 граѓани.

Миомир Серафиновиќ

Специјалци уапсија тројца разбојници во чиј грабеж беше застрелан и загина еден од ограбените

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе