Ковид19 Свет Топ вести

Трет ден протести во Мелбурн против задолжителната вакцинација

Стотици демонстранти излегоа на скалите на австралискиот Споменик на војната, во знак на протест против задолжителните вакцини проти Ковид-19 за градежниот сектор.

Тешко вооружени полицајци ја опколија групата, при што уапсија неколку лица, објавија локалните медиуми.

Вицепремиерот на Викторија, Џејмс Мерлино, протестите ги опиша како „неверојатно страшни“ и „насилни од стотици луѓе“, објавија австралиските медиуми.

Нема да ги наречам протести затоа што тоа не е протест. Тоа е толпа што дејствува криминално, кажа Мерлино.

Тој додаде дека овие луѓе здравствените работници, самите себе и јавноста во Викторија ги доведуваат во опасност, пренесе ДПА, повикувајќи се на австралиските медиуми.

Тоа што го видовме во последните два или три дена е криминално однесување кое на никаков начин не ја претставува нашата голема држава и тоа однесување нема да ги намали бројките на нашите случаи, рече Мерлино за новинарите во Мелбурн.

Австралиската  Влада вчера ја затвори градежната индустрија на две недели, повикувајќи се на повеќе неодамнешни случаи на новозаразени со коронавирус во овој сектор.

Секретарот на Синдикатот за градежништво,  Џон Сетка, ги обвини „неонацистите и десничарските екстремисти“ за киднапирање на настанот.

Австралиската држава Викторија денеска регистрира 628 нови случаи на коронавирус и три смртни случаи, што е највисок дневен извештај во тековната здравствена криза.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Совесноста на луѓето најголемата превенција од пожари во шумите и планините

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе