Ковид19 Свет Топ вести

Германија побара Гебрејесус да добие нов мандат на чело на СЗО

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан го поддржа вториот мандат на шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, и ги повика другите земји да го поддржат овој поранешен министер за здравство на Етиопија пред да му заврши мандатот оваа недела.

Ги повикувам земјите-партнери да ни се придружат да го поддржиме назначувањето на извршниот директор Тедрос, изјави Шпан за британските медиуми.

Поддршката е значајна бидејќи Германија е главниот финансиски поддржувач на СЗО.

Минатата недела, извори на британските медиуми соопштија дека Тедрос најверојатно нема конкуренција за втор мандат на чело на СЗО, додека се обидува да го води светот низ најголемата здравствена криза на векот.

Тедрос ја водеше агенцијата за време на неколку епидемии на ебола, а преживеа и остри критики од администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп за Ковид-19 за тоа дека наводно е „наклонет кон Кина“.

Овие критики вчера повторно се појавија во уводникот на „Волстрит Журнал“ (WSJ), спротивставувајќи им се на вториот мандат на Тедрос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сторија од Преспа: Природата не е депонија!

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе