Свет Топ вести

Морисон: Го разбирам разочарувањето на Франција за подморниците, но ги штитиме своите интереси

Австралискиот премиер Скот Морисон денеска изјави дека го разбира разочарувањето на Франција што неговата земја го откажа договорот за купување подморници во корист на сојузи со САД и Велика Британија, но нагласи дека Австралија првенствено треба да ги штити своите интереси.

-Се разбира, тоа е големо разочарување за француската Влада и јас го разбирам. Меѓутоа, Австралија како и секоја друга суверена држава мора секогаш да носи одлуки што се во наш суверен национален одбранбен интерес, рече Морисон на прес-конференција во Сиднеј.

Австралија, Обединетото Кралство и САД во средата го објавија формирањето на трилатералната безбедносна алијанса АУКУС за зајакнување на одбранбената соработка во Индо-Пацификот, која предвидува флота од нуклеарни подморници што Австралија ќе ги изгради со помош на САД.

Поради оваа одлука, Канбера се откажа од договорот вреден 40 милијарди долари со француска компанија која требаше да изгради флота од подморници, на што Париз жестоко реагираше и на консултации во Париз ги повлече своите амбасадори од Канбера и Вашингтон.

„Лицемерие, презир, лаги“, се зборовите со кои францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан вчера ја опиша „сериозната криза“ на неговата земја со САД и Австралија, која го откажа мега-договорот за француските подморници и избра да изгради нуклеарни, а регионот стравува дека оваа промена може да поттикне трка во вооружувањето.

Пред да се врати во Париз, францускиот амбасадор во Австралија, Жан-Пјер Тебо, одлуката на Канбера да ги откаже подморниците ја нарече „огромна грешка“, бидејќи тоа, според него, не беше договор, туку „партнерство базирано на доверба, взаемно разбирање и искреност“.

Новото трипартитно партнерство веднаш беше искритикувано и од Кина, најголемата сила во Индо-Пацификот, а малезискиот премиер реагираше, предвидувајќи дека тоа ќе ја поттикне регионалната трка за вооружување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе