Економија Топ вести

Разбистри се: Законот за минерални суровни мора да се доработи

Транспарентноста при издавањето на концесии за рудници и ископ на песок не е задоволителна и со новиот Закон за минерални суровини нема да се подобри. Грашаните немаат можност да учествуваат во дебатите а правните бирки кои ги водат со приватните сопственици на рудниците се осудени на неуспех. Законот кој со европско знаменце е пред пратениците небил поставен на ЕНЕР па затоа невладиниот сектор најави дека сите забелешки за ќе бидат доставени како амандмани.

Законот за минерални суровини кој е во Собранието и чека на гласовите на пратениците има сериозни недостатоци во делот на издавањето на концесии за рудници и ископување на песок и чакал. Ова е заклучок на денешната дебата во рамките на кампањата „Разбистри се“ на која беше најавено дека сите забелешки, овој пат во форма на амандмани ќе бидат доставени до Собранието.

Транспарентноста при издавањето на концесиите за рудници е незадоволувачка и при тоа не се евалуираат негативни ефекти од отварање на рудник. Иако државата се повикува на јавен интерес невладиниот сектор тоа не го гледа кај приватните сопственици на рудници кои извезуваат во странство. Клучен проблем е што правната битка на локалното население откако концесијата се издава е однапред изгубена.

Голем број на забелешки се и околу ископот на песок и чакал од коритата на реките кој не се решава ниту со овој закон ниту со Законот за води. Опасноста од поплави се зголемува а искпопот наместо за заштита од поплави и реуглирање на коритата се врши за комерцијални потреби.

Иако невладиниот сектор и минисетрството за економија имале работна група каде се нотирани забелешките тие не се инкорпорирани, Законот не е објавен на ЕНЕР, туку веднаш е доставен до Владата која го усвои и потоа со европско знаменце го стави на денешната седница. Забелешките ќе бидат доставени како амандмани.

Од економија пак одговорија дека Законото во 2019 бил ставен на ЕНЕР и во него се инкорпорирани забелешките од работната група.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе