Спорт Фудбал

Милевски: Да останеме до крај во трката за пласман на Мундијалот

Македонската фудбалска репрезентација утре на арената Тодор Проески во Скопје против Романија ќе го одигра последниот натпревар од овој мини циклус во квалификациите за Светското првенство.

По двата нерешени дуели против Ерменија и Исланд, новиот селектор на националниот тим на домашен терен има можност да ја прослави првата победа.

“Романија е многу сериозна репрезентација. Имаат квалитетни индивидуалци и доаѓаат во добар момент за нив. Но, ние сме сконцентрирани на нашата игра и како треба да изгледаме на терен. Ова ќе биде сосема поинаков натпревар од тој во Букурешт. Не мислам дека е одлучувачки за нашето место во квалификациската група. Се надевам дека до крајот ќе бидеме во игра за второто место. Фудбалерите се мотивирани и подготвени за надигрување. Јас сум задоволен од начинот на кој ги одигравме двата натпревари. Со само два-три тренинзи сите тактички задолженија ги одработија на одличен начин и ова е правецот кон кој треба да се движиме и во иднина”, изјави Милевски.

Тој потенцираше дека и покрај фактот што освоивме само два од можните шест бода, на дуелите против Ерменија и Исланд игравме одлично и очекува неговите избраници да продолжат во ист стил и на крајот да се радуваме на победа.

“Единствениот проблем со Исланд беше нашиот психолошки момент, но работиме и на тој аспект. Се друго, технички-тактички беше на високо ниво и со многу дисциплина. Фудбалерите сега имаат поинаков начин на работа и задолженија, ги прифатија на најдобар начин и им оддавам признание за тоа. Натпреварот со Романија ќе биде исто така во висок ритам, напорно е да се издржат три натпревари во краток период, но јас сум убеден дека момците ќе дадат максимум и ќе бидеме подготвени за утрешниот меч. Важно е дека сите се здрави и сите конкурираат за место во тимот. Се надевам дека така ќе биде и по официјалниот тренинг”, заврши селекторот.

Мечот почнува во 20 часот и 45 минути.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе