Ковид19 Македонија Топ вести

ДЗСИ нема издадено решение за изолација на ниту еден ученик

Државниот инспекторат нема издадено ниту едно решение за контакт со позитивен ученик, потврдуваат од инспекторатот за Телма. По информациите кои се појавија во одредени медиуми за позитивни ученици во училишта низ Македонија, здравствените институции велат дека сѐ уште работат на епидемиолошки анкети и податоци за евентуално позитивни ученици и нивни контакти ќе се знаат утре.

Вчера, по пауза од година и пол, почна наставата со физичко присуство и во основните и во средните училишта, освен во Тетово и Гостивар, каде првите две недели средношколците ќе учат онлајн.

Министерството за образование подготви три сценарија за оваа учебна година, кои ќе зависат од епидемиолошката состојба. Освен настава со физичко присуство, вториот модел е комбинирана настава, и третиот онлајн настава.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мирче Паунов е именуван за нов в.д. директор на ЈКП „Водовод“ во Кочани

Дејан Дејан

Лани биле генерирани 790.866 тони комунален отпад или 438 кг. по глава на жител

Дејан Дејан

Девет загинати, десетици повредени – руски бран напади со дронови низ Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе