Ракомет Спорт

СЕХА официјално го суспендираше Вардар: Загреб ќе игра на Ф4 турнирот во Задар

Вардар нема да игра на завршниот турнир во СЕХА-лигата во Задар поради еден позитивен ракометар на ковид-19. Нашиот шампион вчера го елиминираше Загреб во четвртфиналето, но нема да може да се бори за титулата регионален шампион.

Иако Вардар на теренот се избори за место на 10-тиот фајнл-фор турнир во СЕХА-лигата, сепак Загреб ќе го заземе местото на нашиот шампион во Задар и во полуфиналето ќе игра против Брест Мешков.

Во таборот на „црвено-црните“ имало еден позитивен ракометар на ковид-19 на тестирањето, кое било спроведено од хрватските власти вчера пред реванш четвртфиналниот натпревар со Загреб. Позитивното лице веднаш е изолирано, како и оние со кои имал контантакт, а постои и опасност од ширење на вирусот помеѓу целиот тим, па поради тоа Вардар е исклучен од натпреварувањето, соопштуваат од СЕХА, кои се повикуваат на препораките од Европската унија.

Вардар на домашен терен го совлада Загреб со четири голови разлика, а синоќа загуби со три на реваншот и спортски се пласираше на завршниот турнир. Сепак, ковид-19 и СЕХА-лигата не дозволија нашиот тим да се бори за шестата титула регионален шампион.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе