Најважни Свет

Загинаа девет цивили, меѓу кои шест деца во американски напад во Кабул

Девет членови на едно семејство загинаа, меѓу кои и шест деца, во синоќешниот напад на американско беспилотно летало врз возило на терористичката група ИД-К во станбена област во Кабул.

Американската војска призна дека експлозијата „веројатно предизвикала дополнителни жртви”. Меѓу загинатите има шест деца, од кои најмалото е двегодишно девојче, изјави братот на еден од убиените за локален новинар кој работи за Си-Ен-Ен.

Претходно, авганистански службеник изјави дека во вчерашниот напад загинале три деца. Роднина на убиените рече дека се работи за обично семејство, а не за членови на ИД.

Централната команда на САД соопшти дека САД „ги забележале извештаите за цивилни жртви“ и „ја проценуваат можноста цивили да биле убиени во воздушниот напад“. Американската војска  соопшти дека извршила воздушен напад во авганистанскиот главен град за да избегне „непосредна“ закана за аеродромот во Кабул од терористите на ИСИС – К, јави ДПА.

Беспилотно летало успешно погоди автомобил што припаѓа на локалната група на терористичката милиција Исламска држава, наречена Исламска држава Хорасан, или ИСИС-К, соопшти синоќа армијата на САД. Со оглед на тоа што имало „значајни секундарни експлозии“ по нападот, се претпоставува дека сигурно имало голема количина експлозив во возилото.

Терористичката Исламска држава на Хорасан (ИД-К), односно огранокот на ИД во Авганистан ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад на аеродромот во Кабул во четвртокот, во кој загинаа неколку десетици луѓе, вклучително и 13 американски војници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе