Учениците ќе бидат тестирани за Ковид-19 барем еднаш неделно бесплатно, само ако родителите на најмалку 90% од децата во одреденото училиште се согласат, бугарските власти ги отвораат училиштата со строги правила и насоки. Зелено светло за настава со присуство добија и грчките училишта, а државата наложи децата и наставниот кадар да се тестираат два пати седмично со бесплатни тестови. Грција ги задржува и мерките во училиштата како задолжителна дистанца каде што е возможно, задолжителна хигиена, маски во затворени простории и доколку некој чувствува симптоми да остане дома. Соседна Србија од синоќа го имплементира комбинираниот модел наречен „Семафор“. Во 15 општини наставата во средните и основните училишта ќе се одвива комбинирано заради „Жолта“ проценка, а една општина добила црвена ознака заради бројот на новозаразени и таму наставата се сели онлајн. Словенија, пак, најригорозна пред стартот на учебната година. Ја враќа наставата во училиштата, но со задолженија за вработените.
Сите вработени во училиштата, тие што прележале, вакцинираните и тестираните треба да направат ПЦР тест, а тиое што не се вакцинирани или кои не заболеле ќе мора секоја недела да се тестираат. Неоправданото тестирање ќе се смета за кршење на обврските од работниот однос, што значи дека вработените ќе добијат предупредување пред отказ или ќе се покрене постапка за отказ, а истот ќе важи и за вработените кои ќе одбијат да носат заштитна маска, се наведува во писмото на Министерството за образование.
Според препораките, ако ученикот не носи маска не смее да му биде забранет влез во училница, но за прекршувањето ќе мора да бидат известени родителите и случајот да биде предаден на инспекција, бидејќи во Словенија е влошена епидемиолошката состојба.
Со проблеми се соочува и британската влада која и отвора основните училиштата, но стравува дека не може ја одржи мерката за носење маски, бидејќи препораките се кршат со изговор дека децата не можат да комуницираат и разменуваат знаења со покриени лица, што, пак е поддржано од неколку политички партии во земјата.
Германија ги прифати препораките на Европската унија, но родителите пред почетокот на учебната година реагираат дека не сите училиште ги исполниле критериумите за старт на наставата. Дел од училиштата немаат соодветна вентилација како што се предвидено. Стравувањата и на родителите и на властите се дека кај учениците под 12 години шансите за ширење на вирусот се поголеми бидејќи, Германија не препорачува вакцинација за оваа возраст додека, пак, незачителен е бројот на вакцинирани ученици до 18 години.
Павле Беловски