Страотни снимки прикажуваат мртви тела облеани во крв во близина на каналот пред меѓународниот аеродром во Кабул, каде во двојниот бомбашки напад загинаа 90 луѓе, а повеќе од 150 беа повредени. САД изгубија 13 војници, 18 се повредени. А теротистичката организација Исламска држава, која ја презеде одговорноста за нападот, објавува за бројка од 160 загинати. Нападите го зголемија ужасот во деновите кога и така реткиот авионски превоз ги извлекува луѓето од земјата која на 15-ти август падна под талибанска власт. Евакуацијата на населението од Авганистан продолжи и денеска. Очајни и уплашени од можен нов напад на терористите, луѓето повторни се пред влезивите на аеродромот, кој е единствениот излез од земјата.
Верувајте ми, мислам дека експлозија ќе се случи во секоја секунда или минута. Господ е сведок, но имаме многу предизвици во животот и затоа ризикуваме да дојдеме овде и да го победиме стравот, рече Ахмадулах Херави, жител на Авганистан.
Откако талибанците ја презедоа власта, западните земји евакуираа повеќе од 100.000 луѓе од Кабул. Талибанците, кои инсистираат Америка да го почитува крајниот рок за евакуација 31 агвуст, јавуваат дека во нападите изгубиле 28 свои луге. Во твитот кој го објави портпаролот на талибанците Сухаил Шахин се вели дека тие го осудуваат нападот, кој се случил во област за чија безбедност се одговорни американските војници. „Исламските Емирати се многу фокусирани на безбедноста на својот народ, а милитантите наскоро ќе бидат спречени“, напиша Шахин.
Не е време за политикантство, им одговори Белата куќа на Републиканците бараат импичмент за Бајден. И покрај тоа што им се закани на напаѓачите, по неуспесите во Авганистан неговата популарност во анкетите падна на 41%.
До оние кои го изведоа овој напад, како до секој кој сака да и наштети на Америка, нека го знае следново: Нема да им простиме, нема да заборавиме. Ќе ве фатиме и ќе платите. Ќе ги бранам нашите интереси и нашиот народ со сите средства под моја команда, изјави Џо Бајден, претседател на САД.
Бајден не ја почна војната во Авганистан. Тоа го направи републиканецот Џорџ В. Буш. Тој всушност е првиот од четворицата претседатели што го исполни ветувањето дека ќе се повлече од таму. Но, тоа не значи дека тој ќе може да го избегне бесот во татковината поради смртта на војниците.
Билјана Ставрова