Вести Свет Топ вести

Западните земји очекуваат терористички напад во Кабул

Западните разузнавачки агенции добиле кредибилни информации дека се подготвува голем бомбашки напад од страна на Исламската во Кабул, изјави министерот на британската армија Џејмс Хеапи. Поради високата веројатност за напад, британското министерство за надворешни работи им препорача на своите државјани да се оддалечат од аеродромот и да почекаат дополнителни инсктрукции, а слични инструкции испратија и останатите држави кои спроведуваат евакуации од Кабул. Хеапи не образложи за каков напад станува збор, ниту пак како стигнале до информациите.

Исламската држава во провинциите Коросан е целосно свесна за фактот дека се затвара прозорецот за луѓето кои сакаат да заминат. Поради тоа има концентрација на луѓе кон аеродромот и тоа им дава шанса да направат нешто што тие ќе го сметаат за спектакуларно. Ние би го сметале за апсолутно одвартно, изјави Џејмс Хеапи – Министер за британските вооружени сили

Последниот рок за повлекување на американските војници е 31 август, а евакуациите на цивилите треба да завршат пред тоа. Американскиот претседател опстои на својата одлука и не попушти пред барањата од останатите сојузници за продолжување на рокот. Тоа значи дека сите останати воени контингенти треба да се повлечат од земјата и евакуациите да прекинат пред крајниот рок.

„Како што знаете секој ден и ноќ продолжуваме да евакуираме илјадници луѓе, разбирајќи дека е ризично да останат таму. Ова е опасна и тешка задача, но мора да биде спроведена и нашата намера е да ја спроведеме најдобро што можеме, изјави потпретседателката на САД, Камала Харис.

Повеќе европски земји денеска ги завршуваат евакуациите од Авганистан. Белгија, Данска и Полска веќе ги завршија, додека последниот холандски авион ќе полета денеска. Германија за денеска има планирано 4 лета и најверојатно тие ќе бидат последните, додека Франција соопшти дека последниот лет од Кабул ќе полета утре вечер.

И покрај опасноста од бомбашки напад илјадници очајни Авганистанци се уште чекаат пред аеродромот. Најголемиот дел од нив ги немаат потребните документи и најверојатно нема да бидат евакуирани, но не се откажуваат. Во нивната надеж дека некако ќе успеат да ја напуштат земјата, го блокираат пристапот до аеродромот за странците и Авганистанците кои имаат документи и можат да заминат, па затоа судирите се честа појава.

Во меѓувреме порпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, во интервју за Њујорк Тајмс потврди дека музиката повторно ќе биде забранета во Авганистан, но за разлика од 90-те овој пат ќе се обидат да ги едуцираат луѓето, наместо да ги присилат да го почитуваат исламскиот закон. Муџахид ги отфрли како неосновани обвинувањата на западот за укинувањето на правата на жените во земјата. Рече дека тие нема да бидат затворени во домовите и нема да мораат секогаш да го покриваат лицето. Препораката засега да останат во своите домови е поради тоа што не е завршена обуката на дел од нивните борци и стравуваат дека не знаат како треба да се однесуваат кон жените.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе