Вести Свет Топ вести

Германската војска на пет дена пред рокот ја прекинува евакуацијата од Кабул

Германската војска -Бундесвер, денеска ја завршува акцијата за евакуација на своите граѓани од Авганистан, пет дена пред најавеното повлекување на американските војници.

Последната фаза од мисијата за евакуација веќе почна и еден од четирите планирани авиони  утринава слета во Кабул. Причина за предвременото завршување на евакуацијата е, како што истакнуваат во Берлин, зголемената опасност од тероризам.

За денеска се планирани четири авиони „А400 М“, со германски војници, и два хеликоптери да летаат од Кабул до Ташкент, од каде што утре ќе го продолжат патот за Германија.

Според податоците на Министерството за одбрана, Бундесверот префрлил 5.193 лица од почетокот на мисијата за евакуација од Авганистан, а биле извршени вкупно 34 летови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Полетаа од Солун да гаснат кај Дојран – два грчки канадера попладнево на помош против пожарот во Николиќ

Дејан Дејан

Армијата се вклучува во гаснење на пожарите – претседателката Сиљановска Давкова ја потпиша одлуката

Дејан Дејан

Пет активни пожари во Скопје – Кризен штаб во владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе