Вести Свет Топ вести

ГЕРБ на Борисов повторно станува прва политичка сила во Бугарија

Од прва политичка сила во Бугарија „Има таков народ“ (ИТН) падна на третото место, меѓутоа, разликите меѓу Демократска Бугарија, ИТН и БСП се во рамките на статистичка грешка, изјави за БТВ социологот Добромир Живков од агенцијата од „Маркет линкс“, која од 13 до 22 август заедно со БТВ спровеле истражување на јавното мислење.

Според податоците, ГЕРБ е повторно првата политичка сила во земјата, што според Живков се должи на добрата мобилизација во текот на летните месеци, што за него е изненадување. Но, дополнително, разочарувањето на граѓаните дека другите партии не успеаја да формираат функционална влада, повторно ги води кон оваа партија.

„Бугарските граѓани недвосмислено изјавуваат дека не се задоволни од правецот во кој се движи земјата. Во претходните месеци, брановите на пандемијата на коронавирусот беа фактор во таквите ставови, но сега четвртиот бран на инфекцијата е многу помалку важен во обликувањето на јавното расположение. Националното собрание повторно има најниско ниво на доверба на јавноста меѓу бугарските институции. Намалувањето на довербата кон него за само еден емсец е немалено за околу 10 отсто. Трендот е спротивен за техничката влада. Во август, довербата во неа беше 54 отсто, што е за околу три отсто зголемување во споредба со јули“,

вели Живков.

Довербата во протестните партии континуирано опаѓа од мај. Посуштински тоа повторно е забележливо кај ИТН, додека спротивен е процесот кај таканаречените статус кво партии – ГЕРБ, БСП и ДПС. ГЕРБ останува на истата позиција, но довербата во БСП и ДПС малку се зголемува.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски за пожарите: Се разгледуваат сите опции и сценарио кое би можело да има друга позадина

Дејан Дејан

Локално население, грчки канадери, пожарникари и војници од АРМ го гаснеа пожарот во селото Николиќ

Дејан Дејан

Почна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе