Ковид19 Свет Топ вести

Условите за влез во Грција продолжени до 27 август

Досегашните правила за влез во Грција, кои важат и за државјаните на Северна Македонија, а се однесуваат на документ поврзан со Ковид-19 и пополнет PLF формулар, продолжени се до 27 август 2021 година.

Согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник на Грција, а утрово стапи во сила, Северна Македонија и понатаму е на листата трети земји за кои не важи забраната за влез во Грција, отворени се сите копнени гранични премини, а за патување кај јужниот сосед потребен е сертификат за вакцинација или негативен ПЦР/ рапид тест или потврда за прележан вирус, заедно со пополнет PLF формулар.

Како и досега, сите посетители, „независно од државјанството и начинот на влез во земјата“ имаат четири опции во однос на документите што треба да ги приложат и се поврзани со Ковид-19. Првата опција е целосно да ја имаат завршено вакцинацијата 14 дена пред патувањето и да достават сертификат за вакцинација. Втората можност е со негативен тест: или ПЦР направен во последните 72 часа пред патувањето или антигенски (брз) тест направен 48 часа претходно. Третата опција се однесува на оние кои прележале Ковид-19 во изминатите шест месеци и може да достават потврда за прележана болест по лабораториско тестирање со ПЦР или антигенски (брз) тест, а сертификатот се издава 30 дена по првиот позитивен тест и неговата важност е до 180 дена подоцна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Западен Балкан како под вршник, Пиринеите и Англија со најтоплиот јуни досега

Дејан Дејан

Сомнежи за злоупотреба на боледувања – контролите двојно зголемени

Дејан Дејан

Со заем од две милијарди евра за брза пруга, јавниот долг може да скокне до 64,7 отсто

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе