Македонија Топ тема

Неопходниот сертификат за вакцина против Ковид-19 ги испразни моловите и кафеаните

Испразнети кафеани кои вообичаено се полни, ја нема раздвиженоста низ Дебар маало,  редуцирана посетеност на моловите пред кои речиси беше незамисливо да нема турканици.  Редарите на своите работни места во проверка на сертификатите. Граѓаните пред моловите со став дека мерките треба да се почитуваат, иако во голем дел тие се задоцнети.

Во кафулињата ја нема вообичаената посетеност за попладневното кафе. Вработените уште на самиот влез ќе ви го  побараат сертификатот за вакцинација.

Според мое искуство луѓето се доста дисциплинирани сите носат сертификати дисциплинирано, а и кога немаат стануваат и си одат. Дали  освен сертификатите им барате и личен документ ? Се уште не, само сертификати. – Анастазија Колевска.

Во меѓувреме на социјалните мрежи се појавија и одредени полемики за употреба на лажни сертификати за вакцинација . Државниот пазарен инспекторат и МВР се секојдневно на терен и велат дека до сега немаат такви сознанија, но доколку се потврди соодветно ќе реагираат.

-Во поглед на лажните сертификати ние од страна на ДПИ немаме утврдено таков случај, ниту имаме информација или пријава по која би постапувале. Но мојот апел е сите оние кои имаат таква намера да не посегнуваат по такви сертификати затоа што личната одговорност е најважна- Анета Симеска Димоска, директор на ДПИ.

-Доколку се утврди дека при контрола лицето приложува туѓ сертификат против него ќе следува поднесок од Кривичниот законик по насока на јавното обвинителство- Сузана Прањиќ , портпарол во МВР.

Што се однесува до легитимирањето при редовното работење на угостителските објекти согласно препораките на Владата тоа го прават редарските служби, доколк се има предвид дека и второто овластување на Агенциите за обезбедување е да легитимираат, додава  Прањиќ.

Сепак новите рестриктивни мерки предизвикуваат дополнителни проблеми поради нивната селективност и неспроведливост во пракса, велат од Сојузот на стопански комори. Бараат Владата недвосмислено да појасни на пошироката јавност, дали мерките важат и за влез на лицата вработени во угостителските објекти, моловите и сите други објекти кои се опфатени со забраната, доколку не поседуваат сертификат за вакцинација или потврда за поминати 45 дена од прележан Ковид-19. За лицата до 18 години не е истакната одредба со која се бара да приложат потврда за влез во објектите каде постои забрана, сепак во пракса се регистрира дека не им е дозволено да влезат со објаснување на редарската служба дека “изгледаат” повозрасни, реагираат од Сојузот на Стопански комори.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставниот суд им одговори на независните: Не сме надлежни за предлог- законите

Дејан Дејан

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

(Видео) Кос: Историски момент за обединување на Европа преку проширување, реформите се тешки, но неопходни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе