Наместо депонии со растителен отпад што ги загадува реките, воздухот, почвата и подземните води во струмичко-суровина за понатамошно индустриско производство.
Струмица има голем потенцијал за развивање на локална економија базирана на био-производи вели доктор Наташа Марковска, која како научен истражувач е дел од меѓународниот проект Би-рурал, којшто треба да им помогне на регионите да развијат патокази за како понатаму но и вакви бизнис модели.
Тоа што струмичкиот регион е најголем производител на храна во државата го прави исклучително примамлив и како извор на енергија од обновлив извор, во овој случај растителните остатоци.
Проектот Би рурал се спроведува во Македонија, Латвија, Романија, Бугарија и Полска. Целта е во сите овие земји да се развијат локални економски стратегии кои ќе се базираат на био-базирани производи.
Сузана Мицева