Вести Македонија

Кинеските двокатни автобуси „се паркираа“ во ново обвинение против Миле Јанакиески

Додека неговите адвокати ги даваа завршните зборови за 27-ми април, Миле Јанакиески доби уште едно обвинение од обвинителството за гонење организиран криминал и корупција чија раководителка беше на другиот крај од судницата. Јанкиески е првообвинет за штета од 4, 7 милиони евра во набавката на двокатните кинески автобуси и непочитувана процедура за набавка. Обвинителството во своето соопштение тврди дека на тендерот за црвените ретро автобуси била отфрлена бугарска поефтина понуда. Во 2010-та година, тричлената комисија за јавна набавка на автобусите во ЈСП се договорила со поранешниот министер за транспорт и врски, стои во соопштението.

….фаворизирале економски оператор кој до денот на отварањето на понудите немал доставено банкарска гаранција на понудата и сертификат за квалитет ИСО 9001:2000 како што било пропишано во тендерската документација. Комисијата наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, ја продолжила постапката и извршила евалуација на двете доставени понуди.

Истрагата е всушност продолжение на предметот „Дизајн“ кој го отвори СЈО. Меѓу обвинетите како член на тогашната комисија за набавки е актуелниот пратеник Игор Јанушев. Тој ги негира наводите на обвинителството, а досега не добил никаков обвинителен акт.

Сметам дека станува збор за политички мотивиран процес кој има за цел дефокусирање на јавноста од тоа што поради разрешениот поротник и непочитување на законските процедури, на обвинителството им паднаа повеќе предмети. Нема никаква грешка, бидејќи избраната фирма имаше и банкарска гаранција и ИСО стандард. Само цената не беше критериум за набавка, туку имаше и технички критериуми и предвиден изглед на автобусите.

Јанушев смета дека во последните 5 години кога ќе зачкрипи нешто, веднаш му отвараат ист случај за да му го оцрнта името. Обвинителствот пак смета дека тој е меѓу 4-цата одговорни за голема штета на државниот буџет. Автобусите беа купени за 35 и пол милиони евра, или над 170 илјади евра чинеше секој од нив. Откако им дојде време за поправки, ЈСП се мачеше да набави резервни делови од далечната Кина. Отворените автобуси се користеа за туристичка обиколка или за прослава на спортските успеси. На крај целата набавка од парите на граѓаните заврши со обвинение, за кое првообвинетиот разбра во судница на судење за друг предмет заедно со обвинителката која го гони повторно.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Невреме во Кина проследено со дожд и снег – повеќе од 13 илјади луѓе се евакуирани

Дејан Дејан

Успешно опериран колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе по обидот за атентат

Дејан Дејан

СДСМ обвинува за партиски вработувања во РЕК Осломеј

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе