Свет

Пронајдени две жртви на свлечиштето во Јапонија, уште 20 се водат за исчезнати

По огромното свлечиште во јапонскиот југо-западен град Атами, во префектурата Шизуока, локалните медиуми јавуваат дека спасувачите во остатоците од вода и кал пронашле две тела, а судбината на 20 други се уште е непозната. Огромниот млаз вода што мина низ Атами бил предизвикан од обилните врнежи од дожд, а притоа се уништени и неколку куќи.

Спасувачките екипи се уште трагаат по исчезнатите.

На околу 25.000 луѓе им беше наложено да се преселат на побезбедни места, бидејќи владата прогласи вонредна состојба во областа. Армијата е распоредена во помош на настраданите.

Напливот на вода и кал бил предизвикан од обилните врнежи од дожд долж јапонскиот брег на Пацификот. Поројните врнежи доведоа до прекин на железничките услуги, вклучувајќи ги и брзите возови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Над шеесет жртви во израелските напади врз Појасот Газа

Дејан Дејан

Трамп најави 35 отсто царини за Канада, тарифи и за повеќето трговски партнери

Дејан Дејан

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе